Израелски медиуми: Заложниците на Хамас пред ослободувањето биле подложени на „забрзана рехабилитација“
- Израелските медиуми денеска објавија дека Хамас наводно спроведувал процес на „забрзана рехабилитација“ на заложниците пред нивното ослободување

Тел Авив, 27 јануари 2025 (МИА) – Израелските медиуми денеска објавија дека Хамас наводно спроведувал процес на „забрзана рехабилитација“ на заложниците пред нивното ослободување.
На заложниците им била давана нутритивна храна и стимулативни средства непосредно пред ослободувањето со цел да се создаде впечаток дека биле добро третирани.
Но, ослободените заложници тврдат дека биле држени во тешки услови, во тунели и кафези, дека пиеле морска вода и јаделе само леб и ориз. ми/
фото: ЕПА