Израелската војска спроведува воена операција на северот на окупираниот Западен Брег
- Војниците ги блокираа влезовите и излезите во бегалскиот камп Фара, во провинцијата Тубас, југоисточно од Џенин, изјавија очевидци, додавајќи дека на небото над кампот се видливи дронови.

Ерусалим, 2 февруари 2025 (МИА) – Израелската армија во моментов спроведува воена операција на северот на окупираниот Западен Брег, изјавија денеска очевидци за француските медиуми
Војниците ги блокираа влезовите и излезите во бегалскиот камп Фара, во провинцијата Тубас, југоисточно од Џенин, изјавија очевидци, додавајќи дека на небото над кампот се видливи дронови.
Израелската војска пред зори пријавила „антитерористичка“ операција во селото Тамун, исто така, во провинцијата Тубас, за пронаоѓање оружје.
Според соопштението на армијата, операцијата потоа била проширена во пет села.
На 21 јануари, израелските сили започнаа масовна операција во Џенин за елиминирање на борците поврзани со палестинските движења Хамас и Исламскиот џихад.
Армијата соопшти дека вчера извршила два напади на „терористички ќелии“ во Џенин.сд/
фото:МИА архива