Израел подготвува тим во Доха за разговори за спроведување на прекинот на огнот
- Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Израел се подготвува да испрати делегација на високо ниво во катарската престолнина Доха за да разговара за продолжување на договорот за прекин на огнот во Газа.

Тел Авив, 4 февруари 2025 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека Израел се подготвува да испрати делегација на високо ниво во катарската престолнина Доха за да разговара за продолжување на договорот за прекин на огнот во Газа.
Според условите на првичниот договор, кој вклучуваше 42-дневен прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници, денеска треба да започнат преговорите за втората фаза, која може да доведе до крај на војната.
Последниот договор за размена е дел од прекинот на огнот со посредство на Египет, Катар и САД, а дипломатските напори се фокусирани на постигнување поширок договор за траен крај на конфликтот. мс/
фото: МИА архива