Израел ги укина визите за граѓаните на Косово
- Израелската амбасадорка во Приштина Тамара Жив објави дека земјата официјално ги укина визите за косовските граѓани.

Приштина, 5 февруари 2025 (МИА) - Израелската амбасадорка во Приштина Тамара Жив објави дека земјата официјално ги укина визите за косовските граѓани.
Договорот за укинување на визите беше ратификуван на четвртата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Израел.
-В недела кога се одбележуваат четири години од дипломатските односи меѓу земјите, Израел и Косово го ратификуваа Договорот за укинување на визите. Почнувајќи од 5 мај 2025 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Израел како туристи без потреба од виза, изјави Жив на социјалната мрежа „Х“.
Косово и Израел воспоставија дипломатски односи по потпишувањето на Договорот од Вашингтон во 2020 година. мс/
фото: МИА архива