Израел бара уште 30 дена за целосно повлекување од Либан
- Израел побара од САД дополнителни 30 дена за да ги повлечат своите трупи од јужен Либан, неколку дена пред крајниот рок од 60 дена предвиден во договорот за прекин на огнот со Хезболах, објави „Тајмс оф Израел“.

Teл Авив, 23 јануари 2025 (МИА) - Израел побара од САД дополнителни 30 дена за да ги повлечат своите трупи од јужен Либан, неколку дена пред крајниот рок од 60 дена предвиден во договорот за прекин на огнот со Хезболах, објави „Тајмс оф Израел“.
Според условите на договорот за прекин на огнот од 27 ноември, Израелските одбранбени сили (ИДФ) треба да ги предаде сите свои позиции во јужен Либан на либанските вооружени сили до 26 јануари.
Меѓутоа, во последниве недели, Израел оцени дека либанските сили се распоредуваат премногу бавно низ регионот, што како резултат го одложи повлекувањето на ИДФ.
Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека САД и Франција разговараат за бараното продолжување со израелските и либанските власти.
Изворот оценува дека Франција не гледа проблем да го одобри продолжувањето, се додека другите страни се согласат. рп/
Фото: МИА архива