• вторник, 07 април 2026

Изложба на Живко Поповски-Цветин по повод Светскиот ден на здравјето

Изложба на Живко Поповски-Цветин по повод  Светскиот ден на здравјето

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - По повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април, уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин денеска ќе претстави 33 слики на тема „Цвеќе на мирот“, изработени во маслена техника акрил на хамер, на еднодневна изложба во здравствениот дом „Железничар“.

На изложбата ќе настапат поетите Павле Стојановски, Љубица Бунтеска, Драгица Пандиловска и оперската певица Серафина Фантаузо, а се очекува здравствените работници од „Железничар“ да потпишат Декларацијата за мир и против сите војни во светот..

Повеќе од четири децении Живко Поповски-Цветин ја шири мисијата „Цвеќе на мирот“ со порака дека на светот му се потребни мир, храна, солидарност и љубов.

Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, ќе го одбележат Светскиот ден на сестринството со изложба „Цвеќе на хуманос

Досега тој им има подарено околу 70 000 слики на државници, политичари, музичари, поети, студенти, ученици, артисти, спортисти, нобеловци, на хуманитарни здруженија и организации. Организирал повеќе од 300 изложби во земјата и странство. Поповски беше кандидат за Нобеловата награда за мир. 

-Мои изложби и слики се наоѓаат во Центарот за здравје на детето во Варшава, во Клиниката за неврологија при Медицинскиот факултет (1994), Факултетот за медицински сестри во Битола, Детската клиника при Клиничкиот центар, Институт за трансфузиона медицина, Институт за јавно здравје, Гинеколошка болница ,,Мајка Тереза" во Чаир, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и кај многу медицински сестри и здравствени работници, вели Поповски-Цветин. хс/вг/

Фото: Живко Поповски-Цветин

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан