Изложба на Ванчо Кеков пред кочанчани
- Во Салонот „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ од Кочани отворена е изложба од Ванчо Кеков, ликовен уметник и педагог од Кавадарци, кој твори претежно во техниката акварел.
Кочани, 4 ноември 2025 (МИА) - Во Салонот „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ од Кочани отворена е изложба од Ванчо Кеков, ликовен уметник и педагог од Кавадарци, кој твори претежно во техниката акварел.
За авторот и неговото творештво говореше вишиот кустос и историчар на уметност, Трајче Цветков.
Изложбата, која се состои од триесетина слики, ја претстави Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн во Националната установа од Кочани.

Изложбата на Кеков е дел од Годишната програма на ЦК „ Бели мугри“, финансирана од Министерството за култура и туризам и е дел дел од проектот „ Превземање изложби 2025 година“.
Реализирана е во соработка со Музеј - Галерија од Кавадарци.
Во ЦК „Бели мугри“ изложбата на Ванчо Кеков ќе престојува во наредните две недели. ис/дма/
Фото: МИА