Излезни анкети: Лукашенко седми пат избран за претседател на Белорусија
- Александар Лукашенко на денешните претседателски избори во Белорусија освои 87,6 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места

Минск, 26 јануари 2025 (МИА) – Александар Лукашенко на денешните претседателски избори во Белорусија освои 87,6 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на гласачките места.
Лукашенко го освои седмиот претседателски мандат, а опозицијата изборите ги оцени како фарса.
Европска Унија соопшти дека остануваат во сила санкциите кон Лукашенко, додека изборите ги оцени како маскарада. ми/
фото: ЕПА