Изгаснат пожарот во погон за преработка на пластика во околината на Марибор
- Изгаснат пожарот што избувна синоќа во погон за преработка на пластика, лоциран во околината на словенечкиот град Марибор

Љубљана, 9 февруари 2025 (МИА) – Изгаснат пожарот што избувна синоќа во погон за преработка на пластика, лоциран во околината на словенечкиот град Марибор.
Огнот го гаснеа 200 пожарникари и по два часа успеаја да го локализираат, а по пет часа целосно е изгаснат.
Според досегашните информации во пожарот нема повредени лица, а материјалната штета се проценува на неколку милиони евра.
Сè уште се истражува причината за пожарот во објект на фабриката „Плана“, каде се запали хала каде биле складирани пластични производи, а пожарот зафати површина од 9.600 квадратни метри. ми/
фото: Икс