Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
- Извори од Ватикан денеска соопштија дека денес или утре ќе се знае како папата Франциск, кој беше хоспитализиран пред една недела, реагира на новата терапија.

Рим, 21 февруари 2025 (МИА) - Извори од Ватикан денеска соопштија дека денес или утре ќе се знае како папата Франциск, кој беше хоспитализиран пред една недела, реагира на новата терапија.
„Ноќта помина добро, утрово папата Франциск стана и појадуваше. Денес или утре ќе може да знаеме како папата (Франциск) реагира на новата терапија“, велат извори од Ватикан, пренесе АНСА.
Одговорот би можел да даде увид во тоа колку долго папата Франциск ќе остане во болницата „Агостино Гемели“ во Рим. Тестовите направени во болницата потврдија дека папата има пневмонија во двете белодробни крила, покрај астматичен бронхитис.
Папата продолжува да ги прима своите најблиски соработници и да извршува одредени работи. Времето го поминува меѓу креветот и фотелјата и дише самостојно, пренесува АНСА. рп/
Фото: АНСА