• петок, 20 март 2026

ИДФ издадоа итно предупредување до Иранците кои се наоѓаат во близина на воената инфраструктура

ИДФ издадоа итно предупредување до Иранците кои се наоѓаат во близина на воената инфраструктура

Тел Авив, 28 февруари 2026 (МИА) - Израелските одбранбени сили издадоа итно предупредување до оние кои се наоѓаат во или во близина на иранските воено-индустриски и воени инфраструктурни објекти низ Иран, повикувајќи ги да ги евакуираат областите за сопствена безбедност.

„Итно предупредување до сите оние кои се наоѓаат во или во близина на иранските воено-индустриски и воени инфраструктурни објекти низ Иран“, изјави портпаролот на ИДФ, Камал Пенхаси.

„За ваша безбедност, ве молиме веднаш да ја евакуирате областа и да не се приближувате до понатамошно известување. Вашето присуство во овие области ги загрозува вашите животи“, додаде Пенхаси.

Израел и САД започнаа напади врз Иран утрово, по што Техеран одговори со напад врз северен Израел. мс/

фото: Архива

Остани поврзан