И Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
- Министерството за одбрана на Русија соопшти дека вооружените сили нападнале инфраструктура на воените аеродроми, магацини и подготвителни локации за лансирање на беспилотни летала на украинската армија

Москва, 6 февруари 2025 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека вооружените сили нападнале инфраструктура на воените аеродроми, магацини и подготвителни локации за лансирање на беспилотни летала на украинската армија.
Во соопштението на руското МО се истакнува и дека единиците на Северната група нападнале формации на украинската армија во населбите Волчанск и Охримовка во Харковската област.
Во меѓувреме Генералштабот на украинската армија соопшти дека синоќа извршиле напад врз рускиот аеродром Приморско-Ахтарски во руската Краснодарската територија.
Аеродромот се користи за складирање, подготовка и лансирање на беспилотни летала Шахед низ целата територија на Украина, како и за сервисирање на авиони кои извршуваат мисии во регионите Запорожје и Керсон.
Потврдени се напади и експлозии во целната област, наведе Генералштабот на украинската армија. ми/
фото: МИА архива