• сабота, 22 февруари 2025

Зомер успешно беше опериран, ќе започне да закрепнува следната недела

Зомер успешно беше опериран, ќе започне да закрепнува следната недела

Милано, 22 февруари 2025 (МИА) - Голманот на Интер, Јан Сомер, успешно беше опериран откако го скрши палецот на десната рака, објави прес-службата на миланскиот клуб.

Процесот на закрепнување на голманот ќе започне следната недела.

Во тековната сезона 36-годишниот Швајцарец одигра 35 натпревари во сите натпреварувања при што прими 28 гола и 19 пати ја зачува мрежата „чиста“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан