• петок, 20 февруари 2026

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи

Кортина, 5 февруари 2026 (МИА) - Првиот тренинг во спуст за жени на Олимписките игри 2026 година во Кортина д'Ампецо е откажан, објави „Газета дело Спорт“.

Организаторите одлучиле да го откажат денешниот тренинг поради обилни снежни врнежи. 

-Со оглед на времето, мислам дека дефинитивно ќе има одложувања или промени во следните неколку дена. Сигурна сум дека времето ќе биде прекрасно на денот на натпреварувањето, забележа Алис Робинсон од Нов Зеланд. 

Тренинзите се закажани за 5, 6 и 7 февруари, а натпреварот треба да се одржи в сабота, 8 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан