• петок, 20 февруари 2026

ЗОИ 2026: Канадскиот сноубордер МекМорис хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот

ЗОИ 2026: Канадскиот сноубордер МекМорис хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот

Кортина, 5 февруари 2026 (МИА) - Канадскиот сноубордер Марк МекМорис беше хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот пред неговото учество на Олимписките игри во 2026 година.

Триесет и двегодишниот спортист тренираше утрово во пресрет на официјалното натпреварување.

МекМорис е трикратен освојувач на бронзен олимписки медал во слоупстајл (2014, 2018 и 2022 година). Во 2021 година, Канаѓанецот стана светски шампион. Тој, исто така, освои два сребрени медали во слоупстајл на светските првенства (2013 и 2019 година).

Претходно, норвешкиот алпски скијач Фредрик Мелер исто така беше хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренинг.

Олимписките игри ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Милано и Кортина д'Ампецо. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан