Зидан жали што не играл за Олимпик Марсеј
- Францускиот фудбалер и тренер Зинедин Зидан призна дека жали што никогаш во кариерата не играл за Олимпик Марсеј. Поранешниот фудбалер е роден во Марсеј.

Марсеј, 16 февруари 2025 (МИА) - Францускиот фудбалер и тренер Зинедин Зидан призна дека жали што никогаш во кариерата не играл за Олимпик Марсеј. Поранешниот фудбалер е роден во Марсеј.
-Марсеј е во одлична форма во моментов. Не играв таму - само имав желба, која никогаш не се оствари. Откако ќе го посетите нивниот стадион и ќе ја истражите инфраструктурата, сфаќате дека ова е навистина голем клуб. Таму се случуваат интересни работи, изјави Зидан, цитиран од „Гив ми Спорт“.
Зидан (52) ја заврши кариерата во јули 2006 година. Тој играше за Каен, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, кои подоцна ги тренираше и ги одведе до три победи во Лигата на шампионите.
Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред постигна 125 гола и даде 141 асистенција на 689 натпревари. дс
Фото: Архива