• сабота, 22 февруари 2025

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Манила, 23 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините, при што се оштетени згради и пат во близина на епицентарот, соопштија властите.

Првично беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени во морето, бил на длабочина од 14 километри и се случил во близина на градот Сан Франциско во провинцијата Лејте, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија. Регистрирани се најмалку 45 последователни потреси.

Мајор Барни Катиг, началник на полицијата во градот, рече дека земјотресот бил краток, но силен. „Никој не е повреден, но најмалку 18 домови и владини згради претрпеа „мали штети“. Најмалку еден автопат има пукнатини од земјотресот, но и понатаму е прооден, рече Катиг. 

Филипините се наоѓаат на огнениот прстен на Пацификот, каде што вулканската активност и земјотресите се вообичаени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан