Земјотрес во Албанија со интензитет од 4,3 степени по Рихтер

Тирана, 2 февруари 2025 (МИА) - Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтер, вечерва е регистриран во албанскиот приморски град Валона. Потресот е почувствуван во 19:29 часот со епицентар во местото Вајза, округ Валона, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета. вт/