Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот
- Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот
Киев, 16 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот.
Неговата изјава следува откога американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија, го забавува евентуалното склучување мировен договор.
Трамп, одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори: Зеленски. ми/
фото: МИА архива