• петок, 21 февруари 2025

Зеленски соопшти дека севернокорејски војници повторно се борат во руската погранична област Курск

Зеленски соопшти дека севернокорејски војници повторно се борат во руската погранична област Курск

Киев, 7 февруари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека севернокорејски војници повторно се борат заедно со Русите во рускиот пограничен регион Курск, кој е делумно окупиран од Украина.

Киев претходно соопшти дека севернокорејските војници се повлекле од територијата поради големи загуби.

- Има нови напади во оперативната зона Курск, повторно се вклучени руската војска и севернокорејски војници, рече Зеленски во своето дневно обраќање.

Тој додаде дека „значителен број“ руски и севернокорејски војници се „уништени“.

Киев на 31 јануари тврдеше дека севернокорејските војници распоредени во зоната биле повлечени поради загуби.

Борбите во областа траат повеќе од шест месеци откако украинската армија почна офанзива на 6 август 2024 година, во која успеа да заземе дел од руската територија. јт/

Остани поврзан