Зеленски се прости од папата Франциск
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски се прости од папата Франциск, кој почина денеска на 88-годишна возраст по тешко боледување.

Киев, 21 април 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски се прости од папата Франциск, кој почина денеска на 88-годишна возраст по тешко боледување.
„Тој знаеше да даде надеж, да ги ублажи страдањата со молитва и да поттикне единство“, рече Зеленски.
Тој додаде дека папата Франциск редовно се молел за мир во Украина и за украинскиот народ.
„Жалиме заедно со католиците и сите христијани кои кај папата Франциск пронаоѓаа духовна поддршка. Вечна му слава!, додаде Зеленски. рп/
Фото: ЕПА