• четврток, 26 март 2026

Зеленски: САД побараа поддршка од Украина против иранските дронови

Зеленски: САД побараа поддршка од Украина против иранските дронови

Киев, 5 март 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека добил барање од Соединетите Американски Држави „за специфична поддршка“ во справувањето со иранските дронови „Шахед“.

„Дадов инструкции да се обезбедат потребните средства и да се обезбеди присуство на украински специјалисти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност“, напиша Зеленски на „„X“.

„Украина им помага на партнерите кои помагаат да се обезбеди нашата безбедност и да се заштитат животите на нашите луѓе“, додаде тој.

Зеленски претходно во своето вечерно обраќање вчера рече дека Украина останува во секојдневен контакт со американските претставници, вклучително и во врска со војната во Иран. мс/

фото: ЕПА 

Остани поврзан