• петок, 20 февруари 2026

Зеленски: По преговорите во ОАЕ, сложените политички прашања остануваат нерешени

Зеленски: По преговорите во ОАЕ, сложените политички прашања остануваат нерешени

Киев, 26 јануари 2026 (МИА) – Преговорите во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за Украина опфаќаат важни прашања, но сложените политички прашања остануваат нерешени, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најавувајќи дека набргу ќе има повеќе разговори.

„Ова беше првиот формат на трилатерален дијалог за ставање крај на војната по долго време. Состаноците опфатија голем број важни прашања, пред сè, воени, неопходни за ставање крај на војната. Анализирани беа клучните позиции на сите страни. Јас ја поставив рамката за понатамошна дипломатска работа“, напиша Зеленски на Х.

Украинскиот претседател потврди дека се дискутирале сложени политички прашања, кои сè уште остануваат нерешени.

„Сега се во тек подготовки за нови трилатерални состаноци оваа недела“, објави тој. јт/

Фото: Зеленски на Х

Остани поврзан