• сабота, 22 февруари 2025

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Киев, 5 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин и другите сили за завршување на тригодишната војна.

Зеленски, на прашање на британскиот водител Пирс Морган за можноста за преговори со Путин, одговори дека тоа бби го направил „ако тоа би бил единствена опција која може да донесе мир на граѓаните на Украина“.

- Во тој случај ќе прифатиме состанок на четири учесници, наведе Зеленски во интервјуто објавено на ЈуТјуб каналот на „Пирс Морган нецензурирано“ (Piers Morgan Uncensored).

Зеленски не прецизира кои би биле другите учесници, но Морган ја спомна можноста за преговори помеѓу Украина, Русија, САД и Европска Уnија.

Путин кон крајот на јануари изјави дека е отворен за преговори за крај на војхната во Украина, но отфрли директни разговори со Зеленски, бидејќи не гледа „волја“ кај Киев. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан