• петок, 15 мај 2026

Заседава Комитетот за јавни инвестиции

Заседава Комитетот за јавни инвестиции

Скопје, 29 април 2026 (МИА) -  Во Министерството за финансии во тек е седница на Комитетот за јавни инвестиции, на која присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Комитетот, кој се формира во септември лани со одлука на Владата, го следи напредокот на инвестициите, ја проценува нивната изводливост и обезбедува препораки за најдобро користење на јавните средства.

Со Комитетот претседава министерот за финансии, а во неговиот состав се вклучени сите ресорни министри, што треба да овозможи одлуките да се носат врз основа на консензус и темелна анализа на предлозите.

Формиран врз основа на Законот за буџетите, Комитетот за јавни инвестиции работи во согласност со уредбата за управување со јавни инвестиции.мч/лв/

фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан