Зардари: Пријателството меѓу Пакистан и Кина нема да биде нарушено поради екстремистичките напади
- Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска во Пекинг изјави дека пријателството меѓу Пакистан и Кина „поминало низ подеми и падови“ и дека нема да биде нарушено поради екстремистичките напади во кои во Пакистан беа убиени кинески државјани.

Пекинг, 5 февруари 2025 (МИА) - Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари денеска во Пекинг изјави дека пријателството меѓу Пакистан и Кина „поминало низ подеми и падови“ и дека нема да биде нарушено поради екстремистичките напади во кои во Пакистан беа убиени кинески државјани.
„Пакистан и Кина секогаш ќе бидат пријатели во сите околности. Без разлика колку терор, колку проблеми се појавуваат во светот, јас и Пакистанците ќе бидеме со народот на Кина“, рече Зардари, кој е во четиридневна посета на Кина.
Илјадници кинески работници работат во Пакистан на инфраструктурни проекти како дел од кинеската иницијатива „Појас и пат“, вредна повеќе милијарди долари, чија цел е да ги подобри трговските патишта и да го продлабочи кинеското влијание.
Кинеските работници беа мета на нападите во последните години, а минатата година беа убиени седуммина во два напади кои ја вознемирија кинеската јавност.
Зардари рече дека „странските сили“ се обидуваат да ги нарушат пакистанско-кинеските односи со напад на „кинеските браќа“.
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина и Пакистан имаат „трајно пријателство“, а истовремено промовираат изградба на заеднички „економски коридор“ и соработка. рп/
Фото: ЕПА