• вторник, 30 декември 2025

Запчна 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Запчна 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Кавадарци, 6 декември 2025 (МИА) - Во Кавадарци започна 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. За отворен Конгресот го пропгласи генералниот секретар на партија и пратеник Ѓорѓија Сајкоски.

Тој ги соопшти имињата на Верификационата комисија која треба го утврди бројот на делегатите на Конгресот. Во нејзиниот состав се  Благоја Ташаминов Претседател и членовите Владимир Ѓорче, Олга Лозановска
Сашо Донев и Благица Ласовска.

Од Верификационата комисија беше утврдено дека од 849 делагати, ана Конгресот се присутни 815, со што се исполнети условите за поплноправно одлучување на Конгресот.

Се очекува пред делегатите и гостите да се обрати лидерот на партијата премиерот Христијан Мицкоски.

На Конгресот се очекува да биде реизбран Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата.

Конгресот се одвива под мотото „Визија што гради држава - За генерацијата што доаѓа 2030“, а се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и на него треба да биде донесена „Стратегија Македонија 2030“.

Според најавите, ова ќе биде до сега најмасовен Конгрес, а ќа има и обраќања од неколку сестрински партии. вг/

Фото:МИА

 

Остани поврзан