• сабота, 16 мај 2026

Започна „Trojan Footprint 26“ на полигонот Криволак - најголемата НАТО вежба за специјални сили во Европа

Започна „Trojan Footprint 26“ на полигонот Криволак - најголемата НАТО вежба за специјални сили во Европа

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Со активности на армискиот полигон „Криволак“ денеска официјално започна меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26“, најголемата НАТО-вежба за специјални сили што се одржува во Европа, соопштија од Армијата.

Вежбата ќе трае до 22 мај 2026 година и ќе се реализира на повеќе локации низ Европа. На полигонот „Криволак“, покрај припадниците на специјалните сили на Армијата, учествуваат и специјални единици од Вооружените сили на САД, Обединетото Кралство и Швајцарија.

Во рамки на „Trojan Footprint 26“ се ангажирани над 3.000 припадници на специјалните сили од НАТО сојузничките и партнерските земји, со цел унапредување на интероперабилноста, зајакнување на меѓусебната соработка и зголемување на способностите за заедничко дејствување.

Баталјонот за специјални сили „Волци“ учествува со два тима и во Република Грција, каде што ќе се спроведе реоценување на тимовите согласно НАТО SOFEVAL процедурите. ар/дма/


Фото:АРМ

Остани поврзан