• сабота, 22 февруари 2025

Заниоло ја замени Аталанта со Фиорентина

Заниоло ја замени Аталанта со Фиорентина

Фиренца, 3 февруари 2025 (МИА) - Напаѓачот на Галатасарај, Николо Заниоло и официјално ја заврши позајмицата во Аталанта и сезоната ќе ја одигра како позајмен во Фиорентина со опција за откуп за 15,5 милиони евра. Тој во својот нов тим ќе го носи дресот со број 17.

Италијанскиот репрезентативец и се приклучи на Аталанта на позајмица за 6,4 милиони евра со опција за откуп за уште 15,5 милиони плус до 2 милиони во додатоци во јули 2024 година. Сепак, играчот не успеа да се наметне во тимот од Бергамо, откако на 23 натпревари постигна само три гола и направи три асистенции и беше одлучено неговиот престој во тимот да биде прекинат.

Попладнево Галатасарај излезе со соопштение во кое ги потврди финансиските детали за трансферот во Фиорентина. Тимот од Фиренца ќе плати дополнителни 3,2 милиони евра за заемот - практично она што Аталанта го заштедува со предвремено раскинување на зделката и има задолжителна опција за купување вредна 15,5 милиони евра. дс

Фото: Х/Фиорентина

Остани поврзан