• сабота, 21 февруари 2026

За три дена изречени 86 казни за непрописно паркирање во Центар

За три дена изречени 86 казни за непрописно паркирање во Центар

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Комуналните инспектори и комуналните редари на Општина Центар претходната недела изрекоа вкупно 86 казни за непрописно паркирање на јавни и зелени површини, од кои досега 24 се платени, соопштуваат од Општина Центар.

Како што стои во соопштението, контролите се фокусирани на подрачјата на Дебар Маало и Градски ѕид, каде најчесто се евидентираат вакви прекршоци. На секое непрописно паркирано возило се остава известување за сторен прекршок, а казната изнесува 50 евра, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Доколку прекршочниот платен налог се подигне и се плати во рок од осум дена, сторителот има можност да плати половина од износот на изречената казна.

-Редот мора да се почитува, а безбедноста на пешаците и заштитата на јавниот простор се наши приоритети. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, за да имаме уредна, безбедна и хумана средина за сите, изјавил градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат законите и прописите за сообраќај и комунален ред, со цел заштита на пешаците и јавниот простор. Оттаму најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.ар/са/

Фото:Општина Центар 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан