• петок, 20 февруари 2026

ЕХФ Евро 2026: Франција максимална, Германија како првопласирана оди во втората фаза

ЕХФ Евро 2026: Франција максимална, Германија како првопласирана оди во втората фаза

Осло, 20 јануари 2026 (МИА) - Фаворитот Франција со максимални три победи ги заврши настапите во Ц-групата на Европското ракометно првенство 2026. „Триколорите“ синоќа во дербито на 3. коло ја победија Норвешка во Соло со 38:34. На другиот натпревар од оваа група Чешка беше убедлива против Украина со 38:29.

Франција со 6 бода го освои првото место, Норвешка со 4 заврши на втората позиција, Чешка собра 2 бода за трето место, Украина без освоен бод е последна. 

Многу понеизвесно беше во А-групата, каде што Германија во последното коло ја совлада Шпанија со 34:32, а Австрија славеше над Србија со 26:25.

На крајот, Германија е прва со 4 бода, исто толку има и Шпанија на втората позиција, Австрија е трета со два бода, Србија е последна исто така со два бода. 

Во следната фаза одат двете првопласирани репрезентации. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан