Еурактив: Нема правен план за милиони украински бегалци во ЕУ по примирјето
- Правниот статус на милиони украински бегалци во Европската унија може да биде загрозен бидејќи не постои јасен план да им се дозволи да останат во ЕУ откако ќе биде постигнато примирјето меѓу Украина и Русија, пишува денеска Еурактив.

Брисел, 7 април 2025 (МИА) - Правниот статус на милиони украински бегалци во Европската унија може да биде загрозен бидејќи не постои јасен план да им се дозволи да останат во ЕУ откако ќе биде постигнато примирјето меѓу Украина и Русија, пишува денеска Еурактив.
Според извештаите, од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, Директивата за привремена заштита на ЕУ е легален спас за речиси 4,3 милиони украински бегалци, бидејќи им дава право да останат и да работат во земјите на ЕУ.
Најголем број бегалци се населиле во Германија, Полска, Чешка и Словачка. рп/
Фото: ЕПА