Заврши средбата Путин - Виткоф
- Средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф траеше три часа и беше конструктивна, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој присуствуваше на состанокот
Москва, 25 април 2025 (МИА) – Средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф траеше три часа и беше конструктивна, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, кој присуствуваше на состанокот.
Тој наведе дека на средбата било разговарано и за можноста за директни преговори помеѓу Русија и Украина. Москва и Киев не одржале директни разговори уште од првите недели од војната, што почна во февруари 2022 година.
Ушаков истакна дека разговорите ги приближиле ставовите на Русија и САД не само за Украина, туку и по други теми. Тој додаде дека продуктивниот дијалог меѓу Москва и Вашингтон ќе продолжи на различни нивоа. ми/
фото: ЕПА