• петок, 05 декември 2025

Ердоган: Насилството врз жени и деца е злосторство против човештвото

Ердоган: Насилството врз жени и деца е злосторство против човештвото

Анкара, 25 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска, по повод Денот на борбата против насилството врз жените, изјави дека насилството врз жени и деца е злосторство против човештвото.

Ердоган, кој инаку е татко на две ќерки, смета дека секој што ќе крене рака на жена има помрачени раце и совест, пишува Анадолија.

Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, истакнувајќи дека две третини од 70.000 загинати Палестинци се жени и деца, а дека виновниците за таквата состојба сè уште не ја добиле заслужената казна.

Ердоган рече и дека Турција ќе биде на страната на вистината и секогаш во борбата против насилството врз жените и децата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан