Енрике: ПСЖ покажа карактер против Тотенхем
- Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го пофали својот тим за триумфот над Тотенхем со 5:3 синоќа во 5. коло од Лигата на шампионите.
Париз, 27 декември 2025 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го пофали својот тим за триумфот над Тотенхем со 5:3 синоќа во 5. коло од Лигата на шампионите.
- Покажавме карактер. Беше тежок натпревар за нас, тежок противник. Тотенхем играше одлично, особено во првото полувреме. Тие покрива сè и се бранеа многу добро, изјави Енрике на официјалната веб-страница на УЕФА.
ПСЖ има 12 бода и е трет на генералниот пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем е 16-ти со осум бода.
Во 6. коло парижаните ќе го пречекаат Атлетико Билбао на 10 декември, додека Тотенхем на домашен терен ќе се соочи со Славија Прага на 9 декември. зс/
Фото: ЕПА