• вторник, 31 март 2026

Една жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово

Една жена го загуби животот во пожар во населбата Вонвардарска во Тетово

Тетово, 11 март 2026 (МИА) - Повозрасна жена го загуби животот во пожар што утрово околу 08:30 часот избувна во семејна куќа во тетовската населба Вонвардарска. Според информациите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, во моментот на несреќата жената била сама во домот, додека нејзиниот сопруг бил излезен. Во интервенцијата пожарот е локализиран, по што е забележано дека во внатрешноста има едно починато лице.  

-Имаме една жртва за жал внатре во куќата. Пожарникарите отишле таму со три камиони и со осум пожарникари интервениравме. Човекот што бил со неа, бил надвор од куќата, немало некој друг што може да го забележи тоа. Комшиите што живеат околу нив, забележиле дека има чад и викнале противпожарна единица, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово. 

По интервенцијата на пожарникарите почнат е увид од полицијата и обвинителството за утврдување на деталите околу пожарот.ас/са/

Фото: МИА 
 

Остани поврзан