Пијан возач приведен по сообраќајка кај Виничани, имал 1,90 промили алкохол
- Полициски службеници од СВР Велес синоќа околу 21 часот го лишиле од слобода 67-годишниот С.М. од селото Виничани, по сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Градско – Виничани.
Велес, 31 март 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа околу 21 часот го лишиле од слобода 67-годишниот С.М. од селото Виничани, по сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Градско – Виничани.
Според информациите, во несреќата учествувале патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М., и патничко возило „волво“, управувано од 63-годишниот М.В. од Градско. По судирот, двајцата возачи го напуштиле местото на настанот, а подоцна М.В. случајот го пријавил во полициска станица.
По преземените мерки и извршените проверки од страна на полицијата, било утврдено дека С.М. управувал возило под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/дма/
Фото: МИА архива