• среда, 01 април 2026

Заокружени кадровските промени во основното образование во Општина Маврово и Ростуше

Заокружени кадровските промени во основното образование во Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 31 март 2026 (МИА) - Со назначувањето на нов директор на Општинското основно училиште „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, заокружени се кадровските промени во четирите деветолетки во Општина Маврово и Ростуше. 
 
-Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски донесе решение со кое за вршител на должност  директор на ООУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови ја наименувана, Виолета Анастасоска, професор по одделенска настава, информираа од Општината. 
 
При врачувањето на решението, градоначалникот истакнал дека изборот на докажан просветен работник е гаранција за континуитет и посветеност во работата.   
 
-На новата директорка ѝ посака успех во извршувањето на одговорната функција, многу плодна работа, како и внесување на нови иновации кои ќе значат уште поголем квалитет во образовниот процес за учениците од овој крај, додаваат од Општината  
 
Нагласуваат дека Општина Маврово и Ростуше продолжува да биде силен поддржувач на образовните институции, со цел обезбедување современи услови за раст и развој на секое дете. 
 
Деновиве нов директор доби најголемата деветолетка во општината  „Хајан Селмани“ во село Ростуше каде на оваа функција е наименуван, Емир Мирто, професор по одделенска настава, со долгогодишно искуство во воспитно-образовниот процес.  
 
Претходно Мевмед Абдиу беше наименуван за нов директор на училиштето "Блаже Конески" во Скудриње, додека Насер Ејупи на училиштето "Јосип Броз Тито" во Жировница и двајцата познати педагози. вт/ац/

Фото: Општина Маврово и Ростуше 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан