• среда, 01 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да се навредат обвинителите како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да се навредат обвинителите како Ленче Ристоска што им се одземаат предмети нека помислат дали треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО

Скопје, 31 март 2026 

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања, се вели во соппштението на ВМРО-ДПМНЕ коешто МИА го пренесува интегрално.

1. Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?

2. Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?

3. Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?

Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан