• петок, 20 март 2026

Единаесет македонски граѓани побарале евакуација од Израел

Единаесет македонски граѓани побарале евакуација од Израел

Скопје, 28 февруари 2026 (МИА) - Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

- Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба. Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено, информира Министерството.

Во однос на дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент ниту еден македонски државјанин нема побарано евакуација.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку дежурните служби, е во континуирана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани за потребна помош и координација. бак/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан