• петок, 21 февруари 2025

Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога

Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. - Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес, информираат од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан