• сабота, 22 февруари 2025

Египетскиот Сиси му порача на Трамп дека светот „смета на него“ за мир на Блискиот Исток

Египетскиот Сиси му порача на Трамп дека светот „смета на него“ за мир на Блискиот Исток

Каиро, 1 февруари 2025 (МИА ) -  Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси  му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека светот се потпира на неговата „способност да се постигне постојан и историски мировен договор“ за да се стави крај на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците.

Во соопштението од кабинетот на Сиси се вели дека лидерите упатиле меѓусебни покани за државни посети за време на телефонскиот разговор и ја истакнале важноста од континуирана „координација и соработка“.

Сиси истакнал дека „меѓународната заедница смета на способноста на претседателот Трамп да постигне постојан и историски мировен договор со кој завршува конфликтот што постои во регионот со децении“. зш/

Остани поврзан