Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
- Во неколку европски градови се уапсени 30 лица вмешани во кинески синџир за трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска. Помеѓу уапсените се и водачите на криминалната мрежа, соопшти денеска Европол

Хаг, 27 јануари 2025 (МИА) – Во неколку европски градови се уапсени 30 лица вмешани во кинески синџир за трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска. Помеѓу уапсените се и водачите на криминалната мрежа, соопшти денеска Европол.
Во соопштението се наведува дека „софистицирана кинеска криминална мрежа“ вклучена во илегална имиграција и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација била разбиена по сложената прекугранична истрага координирана од Европол.
Жртвите на кинеската криминална мрежа идентификувани во неколку земји-членки на ЕУ.
На 17 декември полицијата изврши рации во Барселона, Мадрид и Толедо во Шпанија, како и во главниот град на Хрватска, Загреб, при што беа уапсени 30 лица и запленети 180.000 евра готовина, како и оружје, 70 пасоши, опрема за фалсификување пасоши, визи, наркотици, 10 возила и 33 мобилни телефони.
Во операцијата заштитени се вкупно 33 жртви, кинески и виетнамски државјани.
Европол наведува дека е најголемиот синџир за проституција во Европа, организиран од Кинези во февруари 2023 година. ми/
фото: МИА архива