• петок, 05 декември 2025

Евакуирано средно училиште во Белград по дојава за бомба

Евакуирано средно училиште во Белград по дојава за бомба

Белград, 13 ноември 2025 (МИА) - Средно техничко училиште во Нов Белград е евакуирано денеска поради дојава за поставена бомба.
Дојавата за поставена експлозивна направа била околу 12 часот, по што била повикана полиција и училиштето е евакуирано.
Припадници на МВР на Србија се на терен и вршат увид во зградата на училиштето. зш/

Остани поврзан