• сабота, 21 февруари 2026

ЕАСА: Авиокомпаниите треба да го избегнуваат воздушниот простор на Иран

ЕАСА: Авиокомпаниите треба да го избегнуваат воздушниот простор на Иран

Келн, 17 јануари 2026 (МИА) – Европската агенција за безбедност на воздухопловството (ЕАСА) им препорача на авиокомпаниите да го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради „тековната ситуација и потенцијалот за воена акција на САД“ во регионот.

- Присуството и можната употреба на широк спектар на оружје и системи за воздушна одбрана, во комбинација со непредвидливи реакции имаат висок ризик за цивилните летови, се наведува во соопштението од ЕАСА.

Агенцијата им препорача на авиокомпаниите да бидат претпазливи и да ги применуваат плановите за вонредни ситуации. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан