• петок, 21 февруари 2025

Дурант и Бил го пропуштија натпреварот со Јута поради повреди

Дурант и Бил го пропуштија натпреварот со Јута поради повреди

Феникс, 8 февруари 2025 (МИА) – Феникс санс одигра уште еден натпревар без две свои ѕвезди. Кевин Дурант и Бредли Бил не излегоа на теренот на натпреварот против Јута одигран рано утрово (135:127 по продолжение).

Двајцата кошаркари беа вклучени во бројни шпекулации за „трејд“ во трансфер периодот.

Дурант го пропушти својот втор последователен натпревар, а Бил (петти).

Феникс санс е на 9. место во Западната конференција од НБА-лигата со 26 победи и 25 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан