Државниот врв на традиционален прием кај поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан
- Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, денеска, по повод именденот, традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием со државниот врв.
Скопје, 9 јануари 2026 (МИА) - Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан, денеска, по повод именденот, традиционално во неговата резиденција ќе одржи прием за државниот врв.
Како што информирираат од кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, на приемот се поканети претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, и премиерот Христијан Мицкоски.
На приемот ќе присустуваат и митрополитот брегалнички Иларион и митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.
Црквата го слави светиот првомаченик Стефан, првиот што пострадал за христовата вера. ац/вг/
Фото: МИА архива