Дополнителни 1.500 американски војници ќе бидат распоредени на јужната граница со Мексико
- Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници во активнна служба за поддршка на напорите на претседателот Доналд Трамп да се справи со нелегалната имиграција, изјави синоќа американски официјален претставник, пренесе „Си-Би-Ес њуз“.

Вашингтон, 8 февруари 2025 (МИА) - Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници во активнна служба за поддршка на напорите на претседателот Доналд Трамп да се справи со нелегалната имиграција, изјави синоќа американски официјален претставник, пренесе „Си-Би-Ес њуз“.
Со ова, вкупниот број на активни војници на границата ќе достигне околу 3.600.
Наредбата е одобрена, изјави претставникот. Се предвидува испраќање на логистичка бригада од 18-от воздушнодесантен корпус во Форт Либерти, Северна Каролина. кб/