Доменикали ќе биде стане носител на олимпискиот факел на ЗОИ во Милано
- Претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ќе учествува на отворањето на Олимпијадата Милано-Кортина 2026 како официјален носител на факелот.
Милано, 28 јануари 2026 (МИА) - Претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ќе учествува на отворањето на Олимпијадата Милано-Кортина 2026 како официјален носител на факелот.
- Страста, извонредноста и спортот се обединуваат, стои на профилот на социјалните мрежи на Олимписките и Параолимписките Зимски игри.
Штафетата на Олимпискиот факел во 2026 година започна на 26 ноември 2025 година во Олимпија, Грција. Етапата во Милано е закажана за 5/6 февруари. Последната станица ќе биде стадионот „Сан Сиро“.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6 до 22 февруари во два италијански града, Милано и Кортина д'Ампецо. зс/
Фото: ЕПА