• петок, 05 декември 2025

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Скопје, 7 ноември 2025 (МИА) - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа) , засилен ветер и појава на грмежи.

Од вторник се очекува стабилизирање на времето. дма/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан